ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционираа 333 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, стои во официјалното соопштение објавено на интернет страната на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Овие возила се санкционирани во текот на изминатата недела, односно во периодот од 30.09 до 06.10. При тоа, 161 непрописно паркирано возило е подигнато од страна на пајак службите.

Четири возила од нив биле паркирани на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со блокатор биле санкционирани 172 возила.

“ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците” соопштуваат од Општина Центар.