Претставен како концепт оваа година, Tonale предизвика позитивни реакции кај пошироката јавност, а особено фановите на овој италијански бренд.

Сега официјално доаѓа потврда од FCA дека овој концепт ќе се најде во сериско производство, а првите испораки се очекуваат во текот на 2021 година.

Она што е потврдено е дека во понудата ќе дојде без дизелски мотор, Тука ќе биде 1.4 литарскиот бензински мотор со верзии од 140 и 170 КС, а се очекува да ги добие и моторите од Jeep Compass што значи дека ќе дојде и со 1.3 литарски мотор во Кина. Најмоќните верзии ќе располагаат со 2.0 литарски и 2.4 литарски мотор

Во меѓувреме италијанскиот сајт ClubAlfa.it објави фотографии од можниот изглед на сериската верзија. За вашето мислење за изгледот според овие фотографии пишете ни на нашата Фејсбук страна.