Peugeot сериозно планира да го прошири својот бизнис и во останатите сегменти. Така PSA Групација наскоро ќе го лансира својот прв камионет.

Оваа вест ја потврди потпретседателот на PSA Групацијата одговорен за лесни комерцијални возила, кој додаде дека до 2021 година ќе го лансираат својот прв камионет.

Истиот треба да биде во ист сегмент како и Toyota Hilux, Isuzu D-Max, Ford Ranger, а ќе биде понуден на сите глобални пазари каде францускиот производител е присутен.

Засега не се откриени никакви технички информации околу овој модел. На интернет се појави рендер за можниот изглед, но истиот официјално не е потврден од PSA Групацијата.