Според плановите на BMW за електрификација на своите автомобили, во наредните четири години предвидено е да се развијат 12 целосно електрични и 13 plug-in хибридни модели.

Прв од постоечките модели кој ќе добие електричен погон е актуелната генерација на серија 1.

Спроед пишувањата на AutoExpress, првите луѓе на германскиот производител ги потврдиле плановите за овој модел, па така електричната изведба на овој хечбек би требало да се појави во текот на 2021 година со можна премиера на пред-продукциската верзија во текот на следната година.

По комерцијализацијата на овој модел, истиот би носел ознака i1, а според шпекулациите би р асполагал со два електрични мотори и погон на сите четири тркала.