Кога веќе никој не може да ти ја исполни роденденската желба тогаш редно е самиот да си ја исполниш.

За некои желби не се потребни пари, но за онаа на Златан Ибрахимовиќ и тоа како.

Поранешниот шведски репрезентативец за својот 38 роденден си купи автомобил Ferrari Monza SP2 за што се пофали на својот Твитер профил каде објави фотографија од автомобилот и напиша “Среќен роденден на Златан”.

Ibrahimović Ferrari Monza SP2

Автомобилот чини над 2 милиони евра, а располага со 6.5 литарски V12 мотор. До 100 км/ч забрзува за 2,9 секунди додека максималната брзина изнесува 299 км/ч.

Покрај тоа што си купи самиот поклон, Ибрахимовиќ доби и статуа во близина на стадионот во Малмо, Шведска.