Во фабриката на PSA Групацијата во шпанскиот град Зарагоза, започна производството на новата генерација од моделот Opel Corsa.

Станува збор за модел кој својата светска саемска премиера ја имаше на самоет во Франкфурт каде беше претставена и електричната верзија на овој модел.

Почетокот на производството на шестата генерација на Opel Corsa го означи кралот Фелипе VI, директорот на PSA Групацијата, Карлос Таварес и првиот човек на Opel, Михаел Лошелер.