Овогодинешната награда “Manbest” која традиционално ја доделува жирито на Autobest припадна на извршниот директор на Opel, Михаел Лохшелер.

“Оваа наградаа е голема чест за мене лично, но би сакал да ја посветам на нашиот целокупен тим” изјави Лохшелер по добивањето на награда.

Наградата “Manbest”, Autobest ја доделува во континуитет од 2001 година како признание за водечките менаџери со препознатливи квалитети и заслуги во автомобилската индустрија. Жирито кое ја доделува оваа награда е составено од претставници од 31 европска држава, а покрај оваа награда ја доделува и наградата за најдобар автомобил.