Италијанската дизајнерска куќа Italdesign која во минатото беше во сопственост на Џорџето Џуџаро доби нов главен дизајнер.

Станува збор за Карстен Монерјан кој на позицијата главен дизајнер доаѓа на местото на Филипо Перини кој пак потпиша за Genesis.

Монерјан за Italdesign потпиша во 2012 година кога премина од редовите на Audi. Претходно има работено за Volkswagen и Seat.

За потсетување, Italdesign во минатото беше продадена од страна на Џорџето Џуџаро на Lamborghini, бренд кој пак е во сопственост на Volkswagen Групацијата.

Со заминувањето на Перини и доаѓањето на Монерјан се чини дека Italdesign полека, но сигурно ја губи италијанската филозофија на дизајн.