Isuzu ја претстави новата, трета, целосно нова генерација од пик-ап моделот D-Max.

Разликите во однос на втората генерација се веднаш воочливи. Предниот дел изгледа доста поагресивен со целосно нова маска. Тука се и новите bi-LED светла, а доста новитети има и во внатрешноста која е со подобрена ергономија, поквалитетни материјали, нови седишта, а централно место зазема 9.0 инчниот екран.

Должината на овој камионет изнесува 5.265 мм, ширината, 1.870 мм додека пак висината 1.790 мм. Според овие димензии, а споредбено со претходната генерација, оваа е за 30 мм пократка, 10 мм поширока и за 5 мм пониска. Меѓуоскиното растојание е продолжено за 30 мм и сега изнесува 3.125 мм.

Во понудата новата генерација доаѓа со 1,9 литарски турбо-дизелски мотор кој продуцира 150 КС при 350 Nm обртни моменти. Во комбинација доаѓа со шест степен мануелен или шест степен автоматски менувач. Доколку сакате уште помоќен мотор тука е и 3,0 литарскиот дизелски мотор со 190 КС.