Одлични продажни перформанси се остварија во септември во повеќето европски земји.

Според официјалните бројки за продажбата на нови автомобили,  Германија, Франција, Шпанија и Италија забележаа конечно значителен пораст додека во Велика Британија забележан е пад.

Во Германија, продажбата се зголеми за речиси 30% забележувајќи продажба од 244.622 автомобили. Во Франција продажбата се зголеми за одлични 17% додека во Шпанија остварена е продажба од 81.751 автомобили односно пораст од 18% во споредба со септември минатата година.

Пораст на продажбата од 13% е забележан и во Италија каде продадени се 142.136 нови автомобили.

Од друга страна, поради најавениот Брегзит, продажбата во Велика Британија се намали за 1.3% при што се продадени 343.255 нови автомобили.