Daimler, матичната компанија на Mercedes-Benz започна со повлекување на илјадници комерцијални возила од моделот Sprinter поради зголемена емисија на издувни гасови.

Регулаторното тело KBA објави во петокот дека возилата од моделот Sprinter со ОМ651 дизелски мотор не ги исполнуваат бараните стандарди поради што е наредено повлекување на истите.

Според соопштението на германскиот производител, спорни се речиси 260 илјади Sprinter товарни возила чие производство е започнато во 2016 година.

Во соопштението се наведува дека сопствениците на спорните возила ќе бидат навремено известени за идните чекори што ќе ги преземе Mercedes-Benz.