Службеници на Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје и ноќеска беа активни на улиците низ Скопје.

Како што соопштуваат од Министерството за Внатрешни работи на Македонија, во текот на вчерашниот ден, поради пречекорување на брзината на движење санкционирани се 43 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.

Ноќеска до рано утрово, поради возење под дејство на алкохол санкционирани се 25 возачи, а при тоа откриени се и 33 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 12 прекршочни платни налози.