Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница донесе одлука за новите малопродажни цени на горивата кои важат од ноќеска на полноќ.

Новите цени се прикажани во продолжение:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 67,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 70,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 62,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 50,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 33,694 (денари/килограм)

Следното менување на малопродажните цени се очекува да се случи веќе следниот понеделник.