DAF традиционално како и години наназад така и оваа го спроведе натпреварот за избор на најдобар возач на камиони. Оваа година натпреварувањето се одржа во Луксембург, а севкупен победник е Петер Јакобс од Белгија.

На натпреварот се пријавија повеќе од 1.000 кандидати, а во финалето се пласираа 18 возачи од повеќе европски земји.

Финалисите се натпреваруваа во вкупно девет различни категории, а стручното жири ги оценуваше нивните возачки способности, свста за сигурно возење, еколошките елементи, техничкото знаење и други параметри.

Во продолжение се прикажани неколку видео инсерти од натпреварот, а во наредниот период ќе бидат објавени и детални видеа од оценувањето на возачите.

Доколку сметате дека ги поседувате вештините за да бидете меѓу најдобрите тогаш подготвувајте се за натпреварот за следната година, а сите новитети и повици за аплицирање ќе бидат објавени ТУКА.