Денес (сабота) и утре (недела) во Скопје ќе има изменет сообраќаен режим. Причина за ова се дводневните трки во организација на Автомобилската федерација на Македонија.

Така денес и утре од 07:00 часот до 17:00 часот за сообраќај ќе биде затворена крстосницата помеѓу бул.„Крсте Петков Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“ па се до крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Беласица“, како и до надвозникот на железничката пруга на исток, и делови од улиците „Владимир Комаров“ и „Беласица“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.