Како и вчера така и денес, поради верскиот празник Задушница, на гробштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров ќе има посебен сообраќаен режим, информираат од МВР.

сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул.„Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на ул.„Боца Иванова“ и излегување од ул.„Боца Иванова“ кон ул.„Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров  по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ – по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“, стои во соопштението на МВР.

При тоа посебниот сообраќаен режим ќе биде воспоставен од 06:00 часот до 16:00 часот.