Министерството за економија го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Според условите во јавниот повик, субвенцијата опфаќа 50% од трошоци за купен и вграден уред, но не повеќе од 18.000 денари по возило. При тоа, за реализација на оваа мерка предвидени и обезбедени се средства во вкупен износ од 15.000.000 денари.

Тоа значи дека со оваа мерка ќе бидат опфатени минимум 833 лица кои ќе аплицираат на овој повик, а при тоа ќе ги исполнат потребните услови.

Право на учество на овој јавен повик имаат само физичките лица сопственици на возила произведени од 2005 година па наваму, кои ќе извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата во периодот по објавувањето на овој јавен повик.

Целосниот јавен повик, барањето и потребната изјава за аплицирање можете да ги најдете ТУКА.