Жирито составено од претставници од 23 земји од Европа го прогласи Mercedes-Benz Actros за најдобар камион на годината за 2020 година.

Овој камион го понесе ова признание пред Iveco S-Way и Volvo FH I-Save, камиони кои исто така велога во финалниот избор.

Жирито ги еваулираше финалистите врз основа на неколку критериуми како што се технолошките иновации, комфорот, безбедноста, економичноста, трошоците за одржување и слично.

“Многу сме задоволно и горди што жирито ги препозна нашите напори изминатите години и месеци со ова признание. Ви благодариме во името на целата компанија и целиот тим. Ова нас ќе не поттикне да продолжиме да даваме се од себе исполнувајќи ги највисоките развојни стандарди за нашите камиони” изјави Уве Бааке, директорот на производство во дивизијата за камиони на Mercedes за време на доделувањето на ова признание во Лион, Франција.