Иако насловот е како оние од вицовите сепак далеку од тоа. Ова е вистински настан за маките на еден Украинец и една рампа.

Видеото кое е прикажано во продолжение доаѓа од Симферопол, Крим (оттука можеби не е Украинец туку Русин, но тоа е неважно во овој момент). На него е прикажно како возач на Chevrolet Kalos најпрво прописно излегува од паркингот, но потоа следи вистинска драма.

Поради непознати причини неговиот автомобил се враќа назад удира во рампата, а потоа рампата му го демолира автомобилот. Погледнете повеќе на видеото.