Американскиот производител Harley-Davidson го објави новиот модел HD350 соопштувајќи при тоа и дека потпиша договор со компанијата Quianjiang.

Станува збор за кинеска компанија која ги исполни бараните услови за производство па така во Кина во целост ќе се произведува овој модел.

Што се однесува до мотоциклот, тој ќе располага со 388 кубика, а доаѓа со погонскиот склоп на Benelli 302. Иако нема офиицјални фотографии за изгледот на овој мотоцикл, сепак истиот се очекува да е целосно испириран од Benelli 302S..

Овој мал модел за жал нема да биде дел од глобалната понуда на Harley-Davidson каде во наредниот период акцентот ќе се стави на електричните мотоцикли. HD350 ќе може да се најде само на пазарите во Кина, Индија и Тајланд и тоа од следната година.