ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционираа 263 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, стои во официјалното соопштение објавено на интернет страната на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Овие возила се санкционирани во текот на изминатата недела, односно во периодот од 09.12 до 15.12. При тоа, 151 непрописно паркирано возило е подигнато од страна на пајак службите, а со блокатор биле санкционирани 112 возила.

“ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар” соопштуваат од Општина Центар.