Cabrio & Coupe Premium Life клубот ја донесе програмата на активности за следната календарска година.

За следната година се планирани четири возења. Едно од нив е традиционалното DFCCA возење кое ќе се спроведе во април или почетокот на мај, а кој е од хуманитарен карактер.

Второто возење ќе се спроведе кон средината на јуни и при тоа е предвидено возење во источниот дел на Македонија со ноќевање во Дојран. Кон средината на август е планирано возење во западниот дел на земјата при што е предвидено ноќевање во Охрид.

Четвртото возење всушност претставува мини одмор. Ќе се спроведе во септември и ќе трае пет дена. Учесниците ќе бидат сместени во близина на Неа Муданиа, а ќе имаат возна авантура до Метеори, Сахара Ресорт, Никити и други локации во Грција.

Покрај усвојување на програмата, беше одржана и церемонија на збратимување на аматерски клубови. Церемонијата се состоеше од потпишување на меморандуми за збратимување со други аматерски клубови како и размена на подароци.

Како и изминатите години така и следната очекуваме возбудливи возења исполнети со многу дружби, забава и колоритност. На сите учесници АутоКлуб им посакува безбедно возење и многу добри моменти.