Утре (05.01.2020) од 05 часот наутро па се до понеделник (06.01.2020) на полноќ влезот за товарни возила во Грција ќе биде забранет.

Министерството за внатрешни работи на Македонија, повикувајќи се на извори од грчките гранични служби информира дека оваа забрана се воведува поради најавата за лоши временски услови во споменатиот период.

Забраната ќе важи за сите три гранични премини со Грција и тоа: ГП Богородица, ГП Стар Дојран и ГП Меџитлија. При тоа оваа забрана може да биде продолжена.