Повозрасен маж ја блокираше улицата Бауманскаја во центарот на Москва поради тоа што му доцнела платата. Тој со својот шлепер од брендот на KamAZ со приколица, во целост ја блокираше улицата со што беше оневозможено секое движење.

Како што пренесуваат руските медиуми, овој возач кој е татко на седум деца се решил на овој потег поради тоа што со доцнењето на платата се соочувал со тешкотии во прехранувањето на своето семејство.

Тој всушност го блокирал и влезот од канцелариите на неговиот работодавач Transport Transport Technologies.