Автомобилите на Yugo во земјите од англосаксонското говорно подрачје покрај популарноста поради ниската цена беше и мета на потсмев. Тоа, како што вели Тома Савиќ, поранешниот прв човек на Yugo America најмногу се должеше поради тоа што Yugo беше единствениот автомобил од тогашните комунистички земји кои се извезуваше во САД, Канада, Австралија, Велика Британија…

Yugo 55 како вистински репрезент на Yugo е сеуште популарен. Така покрај бројните огласи во САД каде цената се движи и над 15 илјади американски долари, се спроведуваат и најразлични тестови. Еден од нив доаѓа од Нов Зеланд каде во речиси 16 минути се прикажани функционалностите на овој модел.

Видеото од тестот можете да го погледнете во продолжение.