Италијанскиот производител на мотоцикли Ducati кој е во сопственост на Lamborghini конечно го претстави новиот Superleggera V4.

Овој мотоцикл доаѓа со бројни новитети. Каросеријата е од карбон со одредени елементи од титаниум и алуминиум. Тука се и Брембо сопирачките со MCS главен цилиндар на предните тркала…

Тежината е намалена за 6,7 килограми и сега изнесува 152,5 кг или што би рекол еден корисник на YouTube, само 2,5 килограми повеќе од неговата мајка. Најголемо влијание врз намалувањето на тежината има карбонската шасија како и другите компоненти од лесни легури.

Сето ова придонесува да при бзина од 270 км/ч се создава аеродинамички притисок од само 50 кг.

Производителот соопштува дека ќе бидат произведени 500 примероци, по 5 мотоцикли дневно, а продажната цена ќе изнесува околу 90 илјади евра. Во продажба доаѓа во јуни.