Страшно видео се појави на YouTube. Камионџија во живо го пренесувал моментот кога учествувал во сообраќајна незгода во која биле вклучени и други 24 возила.

Несреќата се случила на 31 јануари годинава во американската сојузна држава Вајоминг. Неименуваниот камионџија на својот камион го прицврстил својот мобилен телефон кој во тој момент снимал и во живо го пренесувал видеото на една социјална мрежа.

Поради замрзнатиот коловоз и непилагодената брзина тој не успел навремено да го сопре камионот и се заби во претходно превртениот шлепер.

Видеото можете да го погледнете во продолжение.