Најголемиот ланец на бензински пумпи во Македонија, Макпетрол објави оглас за вработување и пополнување на две работни позиции.

Бравар

Услови кои кандидатот треба да ги исполнува:

  • Завршено средно стручно образование – машинска или електротехничка насока;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година.
Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 24.000 денари.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Повеќе за огласот и начинот на аплицирање прочитајте ТУКА.

 

Продавач II категорија / Продавач – касиер I категорија

Услови кои кандидатот треба да ги исполнува:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 22.000 денари.
Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Повеќе за огласот и начинот на аплицирање прочитајте ТУКА.