Купувањето на половен автомобил може да биде проследено со многу скриени стапици поставени од страна на продавачот односно препродавачот. Удрено-фарбано, скриен ремонт на возилото, но и прикриени односно вратена километража се најчестите работи кои несериозните продавачи ги преземаат.

Враќањето на километража е најчестата активност која ја преземаат продавачите со цел да го претставам автомобило во најдобро светло, како автомобил со малку поминати километри.

Па не треба да не чуди увезен автомобил од Германија со датум на производств 2006 години и по повеќе од 10 години има поминато само 150 илјади километри.

Одличен пример за борба против оваа криминална активност доаѓа од Хрватска. Додека во Македонија никој тоа не го контролира, во Хрватска, поточно во Вировитица донесена е пресуда против лице кое ги измамувало купувачите на половни автомобили со што ги враќало километражите.

Судот во овој хрватски град изрече казна затвор во траење од една година со услов осуденикот да не го повтори делото во наредните три години.

Неименуваниот купувач, подносител на тужбата, купил автомобил и по само краток период се соочил со голем дефект. Поради природата на дефектот, тој се посомневал дека километражата е вратена по што го дал автомобилот на детални испитувања. Резултатот ги потврди неговите сомнежи па веднаш поднесе тужба што на крајот заврши со пресуда во негова корист.

Порака до институциите во Македонија – излезете на терен и истражете ја оваа проблематика. Доста се криете и ги препуштате криминалците да профитираат на грбот на обичниот граѓанин!