ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционираа 273 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, стои во официјалното соопштение објавено на интернет страната на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

“Во периодот од 10.02. до 16.02.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 170 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 103 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани” стои во соопштението од Општина Центар.