Јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје (ЈСП) конечно во продажба го пушти билетот за еднократна употреба, објави ЈСП преку соопштение.

Цената на овој билет ќе чини 50 денари, а одлуката околу цената ја донесе Советот на Град Скопје. При тоа истиот ќе може да се купи на сите билетарници на ЈСП Скопје како и во сите возила на ЈСП.

“Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон” стои меѓудругото во соопштението објавено од ЈСП.