27 годишниот Марк Маркез го продолжи договорот со тимот на Repsol Honda до 2024 година.

“Многу сум горд да објавам дека ја продолжувам соработката за следните четири години. Honda ми даде можност да стигнам во MotoGP класата со фабрички мотоцикл во 2013 година. Од првата сезона имаве заеднички успех и многу сум среќен што сум дел од семејството на Honda” изјави Маркез по потпишувањето на договорот.

Маркез четири години по ред со Honda го освојува тронот во MotoGP натпреварувањето. Минатата година сезоната ја заврши со рекордни 420 поени кои ги доби откако оствари 12 победи од вкупно 19 трки.