Утре, петок како и сабота и недела на третироиајта на градот Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

Причината за тоа е верскиот празник Задушница па така наведените три дена во перидоот од 06 часот наутро па се до 16 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Притоа, министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул.„Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на ул.„Боца Иванова“ и излегување од ул.„Боца Иванова“ кон ул.„Александар Урдаревски“, стои во соопштението на МВР.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров  по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ – по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“, додаваат од МВР.