Peugeot повторно во својата понуда воведува пик-ап. Моделот именуван како Landtrek францускиот производител го разви во соработка со кинескиот производител Changan и при тоа се темели на моделот Kiacheng F70.

Овој модел, Peugeot ќе го продава само на пазарите во Африка и Латинска Америка, а засега Европа не е во плановите на Peugeot.

Peugeot Landtrek

Должината во зависност од изведбата се движи од 533 до 539 цм, додека широчината изнесува 192 цм. Според објавената спецификација овој пикап ќе може да пренесува до 1,2 тони товар.

Peugeot Landtrek

Внатрешноста изгледа доста привлечна. Тука доминира 10 инчнио инфотејнмент систем, а тука е и Apple CarPlay, Android Auto како и 10 GB хард дискот.

Peugeot Landtrek

Основниот модел е опремен со 2,4 литарски турбо бенизнски мотор со 210 КС и 320 Nm обртни моменти. Најмоќната изведба до 100 км/ч забрзува за 11,2 секунди додека пак максималната брзина која може да ја постигне изнесува 177 км/ч.