Најголемиот руски производител на камиони и товарни возила, Kamaz патентираше електричен камион без кабина. Ова може да се открие од базата на податоци на Роспатент, руската национална агенција за патентирање и интелектуална сопственост.

Овој камион е патентиран под ознаката КамАЗ-3373, а според спецификациите, може да пренесе товар во тежина од 10 тони додека максималната брзина која може да ја постигне изнесува 40 километри на час.

Покрај што е целосно електричен овој камион е автономен односно самовозечки. Истиот е далечински контролиран од операторите, а е поврзан преку интелигентен клауд сервис.

Минатата година рускиот производител претстави шлепер “паметна куќа на тркала”, а претходно најави дека ќе претстави и самовозечки кипери.