Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани со овој државник остануваат да се кажуваат и по 40 години од неговата смрт.

Почитуван во Југославија, но уште повеќе почитуван во земјите од “Третиот свет”, Тито често добивал најразлични подароци, а меѓу бројните има и автомобили.

Денес, по неколку децении се зачувани дели од автомобилитена Тито. Шест автомобили кој ги користел се наоѓаат во касарна во Белград, дел во Техничкиот музеј на Словенија, а има и во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

За тајната на Титовите автомобили во продукција на РТС е направен краток документарен филм кој може да го погледнете во продолжение.