Додека цената на нафтата и останатите горива на светските берзи и натаму паѓа, РКЕ на денешната редовна седница донесе одлука за пораст на цените на горивата од ноќеска на полноќ.

Цената на безнините се зголемува за еден денар додека на дизелот за половина.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 67,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 69,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 58,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 47,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 33,565 (денари/килограм)

Следната корекција на цената ќе се изврши следниот понеделник.