Alfa Romeo преку тизер видео најави изненадување за сите љубители на овој бренд и воопшто автомобилизмот на саемот во Женева.

Многумина сметаат дека зад изненадувањето стои всушност GTV изведбата на моделот Giulia. На интернет во меѓувреме се појави и маскиран модел на Alfa Romeo кој наликува на моделот Giulia па оттука голема е веројатноста да станува збор за GTV изведба.

Инаку саемот за автомобили во Женева започнува на 5 март откако два дена претходно се отвора за медиумите. Ќе се одржи во Палекспо и ќе трае се до 15 март.