Новата, осма генерација од популарниот модел на Volkswagen, Golf, пристигна во салонот на Porsche Skopje. При тоа објавен е и официјалниот ценовник за овој модел.

Најевтината верзија чини 25.458 евра што е значајно зголемува во однос на најевтината верзија од минатата генерација. Со оваа цена добивата Life ниво на опременост со 1,5 литарски TSI мотор со 150 КС.

Со истото ниво на опременост, но со 1.5 eTSI мотор со 150 КС, цената изнесува 28.842 евра. Style нивото на опременост со истиот мотор чини 33.539 евра.

Во понудата се и два дизелски мотори со ниво на опременост Life. Првиот е со моќност од 115 КС и мануелен менувач. Цената на оваа верзија изнесува 26.780 евра додека онаа со 150 КС и автоматски DSG 7 менувач чини 31.417 евра.