Светската автомобилска асоцијација FIA објави дека и дефинитивно е одложена трката за големата награда на Австралија. Причината претпоставувате, опасноста од ширењето на коронавирусот.

Во текот на вчерашниот ден беше многу напнато. Организаторите најавуваа одржување на трката, меѓутоа од McLaren објавија дека нема да се тркаа. И Луис Хамилтон јавно посочи дека нема да биде дел од оваа трка.

Најголем дел од возачите веќе ја напуштија Австралија, а засега нема информации дали ќе се одржи трката за големата награда на Бахреин закажана за 22 март.