Согласно одлуките и препораките на Владата на Република Макеоднија, од полноќ за авионски сообраќај се затвора охридскиот аеродром.

Со соопштение излегоа и од аеродромот во Охрид каде велат дека за оваа одлука ги известиле сите авиокомпании кои летаат од и до аеродромот Св. Апостол Павле. При тоа како алтернатива им е понуден меѓународниот аеродром Скопје.

Денеска се очекуваше пристигнување на авиони од Виена, Цирих, Малме и Базел, но сите тие пристигнувања се одложени. При тоа од управата на аеродромот ги замолуваат сите патници да ги контактираат нивните авиокомпании.