Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница донесе одлука за рекордно намалување на цените на горивата.

Најголемо намалување има кај Еуросупер БС-95 од 7,5 денари за литар додека дизелот се намалува за 6 денари.

Новите цени од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 54,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 56,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 48,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 37,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 21,934 (денари/килограм)

Следната корекција на цената ќе се изврши следниот понеделник.