Во оваа тешка состојба незаслужено заборавени се камионџиите.

Благодарение на овие херои фабриките за храна во Македонија имаат суровини за производство. Благодарение на овие херои на полиците во маркетите има храна. Благодарение на овие херои во аптеките има медикаменти. Благодарение на овие херои има гориво на бензинските пумпи. Благодарение на овие херои …

Во време кога Европа е целосно парализирана од коронавирусот, овие херои далеку од семејството изложувајќи го своето здравје на ризик овозможуваат непречено функционирање на синџирот на снабдување.

Редакцијата на АутоКлуб јавно им се заблагодарува на сите камионџии за нивната несебичност, пожртвуваност и посветеност. И вие сте наши херои!