Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од ноќеска на полноќ со работа прекинува и аеродромот во Скопје. Оваа одлука доаѓа откако пред само неколку денови беше затворен и аеродромот во Охрид, а истата произлегува како една од мерките за борба противв епидемијата од коронавирусот.

“До затворањето, авиосообраќајот ќе се одвива според распоредот на летови кој патниците можат да го проверат на нашата веб-страница  http://skp.airports.com.mk/  , но со оглед на тоа што ситуацијата со Коронавирусот се менува многу брзо, Ве замолуваме да ги следите последните објави за вашите летови на веб-страниците на авиокомпаниите и да ги контактирате нивните оддели за клиенти” стои во известувањето објавено од ТАВ на интернет страната на скопскиот аеродром.