Откако кинеската автоиднустрија минатиот месец во целост беше затворена, сега со истото се соочува и европската. Откако FCA во целост ги затвори своите фабрики во Европа, а PSA Групацијата значително го редуцираше производството, германскиот гигант Volkswagen се одлучи да го стопира производството.

Ова одлука раководството на компанијата ја донесе како последица на епидемијата од коронавирусот во Европа која придонесе да во многу земји биде прогласена вонредна состојба.

Поради ова, но и значително намалената побарувачка на возилата, Volkswagen на неодредено ќе се стават под клуч, а истото ќе се случи до крајот на оваа недела. При тоа, вработените ќе бидат испратени на принуден, платен одмор.