Асоцијацијата Макам-Транс на својата интернет страница објави соопштение за владината мерка за привремено ослободување од карантин на професионалните возачи. Истото го пренесуваме во продолжение.

“Почитувани превозници,

Врз основа на информација добиена од г-дин Сугарески, министерот за транспорт и врски, на седницата на Влада која штотуку заврши се донесе привремена мерка за ослободување на сите професионални возачи кои управуваат товарни моторни возила во период од вечерва па се до 00:00 часот во вторник, да можат да влезат / излезат и да ја транзитираат територијата на нашата држава. Изјавите кои се потпишани за самоизолација се сторнираат само доколку возачот има сертификат за професионална компетенстност (СПК) за возач (код 95) и е на списокот на возачи кој се води во Министерство за транспорт и врски.

За овој период сите Асоцијација Макам-транс, Америт и Државниот санитарен и здравствен инспекторат презедовме обврска да изработиме и да се потпишат што е можно поголем број на дозволи, односно да ги завршиме сите досега доставени барања од превозниците. Ќе се работи и за време на викендот, барем ние од Макам-транс.

Ве молиме да се стрпите уште малку како би се соопштило јавно одлуката на Влада и МВР да достави оперативни упатства до сите полициски станици.

Огромна благодарност до Владата и посебно на МВР кои го прифатија предлогот и решението на проблемот со евиденција на возачите кој им го дадовме.

Благодарност до сите вработени во Макам-транс и на волонтерите од превозните трговски друштва членки на Макам-транс. Браво младино се гордеам со ВАС. Само заедно можеме да ги надминуваме сите проблеми.

Биљана Муратовска”