Засега единствен позитивен ефект од коронавирусот е чистиот воздух и ниската цена на горивата. По минатонеделниот рекорден пад на цените, РКЕ на денешната седница донесе одлука за повторно намалување на цените и тоа во просек за 9,18%.

Освен Еуросупер БС-98 на сите останати горива малопродажните цени се под 50 денари за литар.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 49,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 52,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 45,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 34,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 18,738 (денари/килограм)

Следната корекција на цената ќе се изврши следниот понеделник.