Германската Асоцијација за Техничка Инспекција, попозната по кратенката TÜV (Technischer Überwachungsverein) ги претстави автомобилите со најмалку дефекти по сегменти.

Така во сегментот на микро автомобили, најмалку дефекти се евидентирани кај Opel Adam додека пак во сегментот на мали автомобили, најмалку дефекти има кај Audi A1.

Во следните четири сегменти, вистински владетел е Mercedes.

А класата на овој германски производител има најмалку дефекти во сегментот на компакти автомобили. Во средната класа најдобра е C класата на Mercedes додека B класата има регистрирано најмалку дефекти од сите моноволуменци.

Во конкуренција на SUV возилата, најмалку дефекти се забележани кај Mercedes GLC.