Германската Асоцијација за Техничка Инспекција, попозната по кратенката TÜV (Technischer Überwachungsverein) направи рангирање на најдобрите половни автомобили во однос на најмалку регистрирани дефекти. Станува збор за автомобили чија старост е од 10 до 11 години.

При тоа, доколку планирате да купите половен автомобил, најдобра инвестиција би ви бил Porsche 911 со поминати околу 78 илјади километри. Кај овој автомобил со оваа километража регистрирани се околу 10,4%.

На листата има дури четири модели на Toyota. Така на втората позиција е Toyota Corolla Verso со 15,8% при 133 илјади поминати километри. На листата се наоѓаат и Toyota RAV4, Toyota Avensis и Toyota Corolla.

На третата позиција со регистрирани 17,4% е Mercedes-Benz SLK, а од европските производители место има само уште за Audi TT.

1.Porsche 91110.4%78 000 km
2.Toyota Corolla Verso15.8%133 000 km
3.Mercedes-Benz SLK17.4%93 000 km
4.Toyota RAV417.8%115 000 km
5.Honda CRV18.0%129 000 km
6.Toyota Avensis18.1%137 000 km
7.Audi TT18.2%110 000 km
8.Ford Fusion18.3%101 000 km
9.Toyota Corolla18.8%116 000 km
10.Mazda 218.9%99 000 km

 

Ако пак планирате да купувате автомобил со поминати помалку од 100 илјади километри тогаш во никој случај тоа не треба да биде Hyundai Atos, Smart Fortwo, Renault Modus, Kia Picanto, Fiat Punto и Ford Ka. Кај овие автомобили се регистрирани најголем број на дефекти до поминати 100 илјади километри.

Од друга страна, најголем број на дефекти или околу 42% се забележани кај Mercedes-Benz M со поминати 164 илјади км. На дното се наоѓаат уште и Kia Sorento, Renault Laguna, Alfa Romeo 147 и Chevrolet Matis.