Воведувањето на нови дополнителни мерки за ограничувањето на движењето резултираше со измена и на неколку закони и прописи за камионџиите.

Последните иземни се однесуваат во дозволеното времетраење на дневното возење, а оваа измена ја соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

“Со посебна уредба се зголемува дневното возење на возачите на 11 часа. Досега беше ограничено на 9 часа. Неделното време за управување со возило за време на кризата се зголемува од 56 на 60 часа. Вкупно во две последнователни недели возачите можат да воза до 100 часа, претходно беше 90 часа. Возачите можат да возат 5, 5 часа па потоа да направат пауза од најмалу 45 минути. Претходно беше дозволено тие да возат 4,5 часа па да направат пауза. Редовниот дневен одмот се намалува од 11 на 9 часа” соопшти Министерот.